Заменик министер за труд и социјална политика, Енвер Хусејин во посета на општина Василево

DSC_0122_1024x681

Денес, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, беше домаќин на заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусијен, кој беше во работна посета на општината.

На состанокот  во кабинетот на Градоначалникот главно се разговараше за тековните состојби и проблемите во работењето со кои се соочува детската градинка „Прва радост“ во Василево.  Средбата беше во насока на изнаоѓање на решенија со што би се оптимизирало тековното работење на оваа установа, која подолг период има проблеми во делот на вработувањето на персонал неопходен за нормално одвивање на секојдневниот воспитно-едукативен и згрижувачки процес.

На состанокот се разговараше и за  состојба на новата детска градинка во с. Ангелци, која сеуште не е ставена во функција.

По состанокот во кабинетот на градоначалникот на кој присуствуваше и директорот на ЈОУДГ „Прва радост, Василево, Игор Илиев, заменик министерот беше во посета и на градинката „Прва радост“ во Василево, каде на лице место се запозна со поединостите и карактеристиките, условите во кои функционира, како и потребите неопходни за нормалното функционирање  на оваа установа во иднина.

На средбата присуствуваше и Билент Исинов, членот во Советот на општина Василево од Демократската партија на Турците на Македонија.DSC_0109_1024x681 DSC_0116_1024x681 DSC_0140_1024x681 DSC_0157_1024x681 DSC_0166_1024x681

 

DSC_0126_1024x681 DSC_0150_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail