Подготовка за асфалтирање на улица во с. Добрашинци

DSC_0201_1024x681

Денес, во населеното место Добрашинци Општина  Василево, спроведува градежни активности на подготовка  на една од улиците за асфалтирање. Конкретно се работи на тампонирање на улицата по што ќе следува  и нејзино асфалтирање.

На лице место беше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов заедно со дел од своите соработнмици, при што се информираше за текот и динамиката со која ќе се реализира наредната финална фаза.

Должината на оваа улица изнесува 130 метри, а ширината е околу 3 метри, односно онолку колу што дозволуваат фактичките услови на терен. Вкупниот Буџет за нејзина реализација изнесува 397 025 денари, обезбедени од сопствените извори на приходи.

Улицата се реализира во рамки на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици во општина Василево за 2023 година.

DSC_0205_1024x681 DSC_0210_1024x681 DSC_0213_1024x681 DSC_0215_1024x681

DSC_0203_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail