Седларци доби повеќенаменско спортско игралиште

DSCN6204

Со свеченото пуштање во употреба на новоизграденото повеќенаменско спортско игралиште во с. Седларци, од денес, ова населено место се вброи во населените места на општина Василево кои имаат новоизградени спортски терени.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-дин Марјан Спасески, заедно со градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов и претседателот на МЗ на Седларци со сечење на црвената лента и официјално го пуштија во употреба новоизграденото игралиште.

DSCN6208
„Преку реализација на проектите во областа на спортот се заокружува еден концепт на создавање на психофизички здрава младина која ќе биде оттргната од пороците на современото живеење . Наша трајна заложба е спортот да биде застапен секаде подеднакво, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-дин Марјан Спасески, притоа давајќи посебен акцент на заложбите на градоначалникот Стојанов во областа на спортот:
„Морам да ја поздравам иницијативата на општината и на градоначлникот да инвестираат токму во ваква спортска инфраструктура и сакам да го покажам како позитивен пример кој што би требало да го следат сите градоначалници во нашата земја и секако да овозможуваат спортување на сите граѓани“, изјави директорот Спасески за медиумите.

DSCN6265

DSCN6261

„Изградбата на ова игралиште како и изградбата на вакви или слични игралишта и спортски терени низ речиси сите населени места ја покажува на дело заложбата на општина Василево преку вложување во спортската инфраструктура да влијае врз развојот на спортот. А она што е уште поважно, да влијае врз развојот на нашите млади поколенија“, рече градоначалникот на општина Василево во своето обраќање пред присутните граѓани, притоа нагласувајќи дека вложувањето во спортот има јасна цел: „Спортот да стане навика и потреба, да стане прв и главен избор за поминување на слободното време на граѓаните“.

DSCN6235
Новоизграденото игралиште во с.Седларци е инвестиција на општината, за чија реализација се издвоени околу 2,5 милиони денари од општинскиот буџет. Игралиштето е оградено, опремено со стативи и кошеви со што се створени услови за играње фудбал, кошарка, ракомет, а рефлекторите овозможуваат спортување и во ноќните часови.

DSCN6206

DSCN6257

DSCN6219

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail