Велигденска честитка од градоначалникот на општина Василево

gradonacalnik10

Почитувани сограѓани припадници на православната вероисповед

Од мое лично име и од име на локалната самоуправа Ви упатувам честитки по повод најголемиот Христијански празник , Воскресение Христово – Велигден.
Радоста на воскресението нека ги исполни Вашите души со верба и надеж за подобро утре.
Да му се радуваме на животот, да се свртиме едни кон други, да си помагаме и заедно да создаваме.
Празничните денови нека бидат исполнети со добрина, радост и спокој, нека бидат денови во кои ќе му се посветиме на семејството и најблиските и така сплотени и сложни да му се радуваме на животот.
Во духот на овој ден на радоста и воскресението, ден кој не учи да истраеме и да бидеме сплотени, Ви посакувам добро здравје, среќа, благосостојба и мирен духовен живот.

Честит Велигден
Христос Воскресе – Навистана Воскресе

Со почит,

Општина Василево
Градоначалник
Ванчо Стојанов

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail