Пуштен во употреба патот кон манастирскиот комплекс во Дукатино

12

Денес, на големиот Христијански празник Воскресение Христово – Велигден, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, заедно со претседателот на Советот на општина Василево, г-дин Дајанчо Ефтимов, и претставници од МЗ Дукатино, со сечење на црвена лента и официјално го пуштија во употреба патот што води кон манастирот над селото Дукатино.
„Со асфалтирањето на овој пат во должина од 500 метри, општината создава услови и за изградба на куќи во овој дел од селото, кој токму поради лошата пристапност се избегнуваше, поради што граѓаните градеа во подолниот дел од селото, кој пак последните години страда од зачестените обилни врнежи“ – вели градоначалникот Ване Стојанов, најавувајќи им на жителите дека оваа година во Дукатино ќе се гради и повеќенаменско игралиште.
Овој проект на општина Василево чини 4 милиони денари, од кои 3,4 милиони денари се преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, а 600.000 денари се обезбедени од буџетот на Општина Василево.

2

11

5

13

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail