Започна изградбата на патот кон манастирот Св. Ѓорги во с. Дукатино

2_1024x768

Во населеното место Дукатино, започна изградбата на пристапната улица  што води кон манастирот Св. Ѓорги. Информацијата за стартот на оваа активност, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24,  ја сподели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов кој напиша: „Ветувањето дадено во мојата програма го реализирам. Денес започна изградбата на патот до манастирот Св.Ѓорги во Дукатино. Во наредниот период истиот, ќе биде асфалтиран. Конечно после долги години очекувања на граѓаните од оваа населено место, ќе се асфалтира патот до манастирот Св.Ѓорги во Дукатино. Во наредниот период, ќе се асфслтираат улици во сите населени места во општина Василево. Го менуваме ликот на Општина Василево“.

Должината на овој пат изнесува 280 метри. Буџетот за негова реализација согласно Договорот со компанијата изведувач изнесува 1 926 683 денари и истите се обезбедени преку Центарот за развој на ЈИПР од Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година на Министерството за локална самоуправа, Биро за регинален развој. Финансиското учество на општина Василево изнесува околу 200 000 денари.

1_576x768 3_576x768 6_576x768 7_576x768 8_576x768 9_576x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail