Градежно комунални активности низ населените места на општина Василево

8

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, сподели информација за градежно-комуналните активности спроведени од стана на општина Василево низ повеќе населени места, со кои директно се одговара на барањата на граѓаните со цел да се подобрат условите во кои се одвива нивното секојдневие.

„Во изминатиот период се спроведоа активности во неколку населени места: Едрениково, Василево, Седларци, Градошорци, Сушево и Нова Маала. Во дворот на црквата  „Успение на Пресвета Богородица“ – Нова Маала по барање на црковниот одбор се изврши рамнење на теренот, каде е предвидено изградба на капела. Во населеното место Градошорци се изврши тампонирање на повеќе улици. Во населеното место Седларци се изврши уредување на дворот во црквата„Св. Димитриј“ каде се планираат дополнителни градежни активности.

Во населеното место Едрениково се изврши расчистување на локалната депонија. Во населеното место Василево се постави сферно огледало за безбедност во сообраќајот на стариот пат кон Пиперево, а во наредните денови ќе биде поставено уште едно сферно огледало после Културниот Дом. Расчистена е депонијата на патот Василево-Пиперево. Во населеното место Сушево тампонирани се повеќе улици“, напиша градоначалникот Андонов, упатувајќи притоа и посебен апел до сограѓаните: „Од сите нас зависи во каква општина ќе живееме. Свесноста и личната одговорност треба да ни се врвен приоритет. Да градиме одговорна заедница“.

1_375x768 3_375x768 5_375x768 6_375x768 7_432x768 8

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail