Градоначалникот Стојанов даде отчет за сработеното

DSCN6726

Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, денес, на прес конференција, даде отчет за сработеното во изминатиот период.

„Почитувани сограѓани!
Во духот на транспарентноста, кој е еден од нашите постулатите за работа, еве повторно даваме отчет за сработеното во изминатиот период. Приоритет на општина Василево и понатаму е подобрување на условите за живот на граѓаните преку реализација на повеќе комунални и инфраструктурни проекти, привлекување нови инвестици и изградба на терени за спрот и рекреација речиси во сите населени места од општината“- рече градоначалникот Стојанов обраќајќи им се своите сограѓани.
Осврнувајќи се на последно реализирани проекти рече: „ Деновиве од сопствени и средства од Владата на РМ асфалтиравме улица во Дукатино во должина од 500 метри за што се потрошени околу 4 милиони денари. Изграден е мост на новамаалска река во Нова маала во висина од 2 милиони денари“.

DSCN6731
Стојанов ги потсети граѓаните и за сработеното во текот на минатата година:
„Лани асфалтирани се улици во Градашорци, во Пиперево, Добрашинци. Успеавме во соработка со Агенцијата за државни патишта и да поставиме нов асфалтен слој на патот Радичево – Дукатино. Веќе нема неасфалтиран пат во општина Василево. Сите села се поврзани со функционална патна мрежа. Во изминатиот период изградивме околу 21 километар фекална канализација која треба да служи за домаќинствата во Ангелци, Градашорци и Василево и околу 2 килоетри атмосферска во Пиперево. Домаќинствата од Ангелци и Пиперево веќе ги чуствуваат благодетите на овој проект а ова лето правиме напори да се обезбедат средства и за поствувањ нов крак. Паралелно со канализационите системи интензивно работиме и на проширување и унапредување на системите за водоснабдување.“
Осврнувајќи се на реализираното во областа на образованито и спортот градоначалникот Стојанов рече: „ Образованието секогаш е наш приоритет. Ги подобривме условите за настава скоро во сите населени места и подрачни училишта. Лани успеавме да ги реконструираме подрачните училишта во Радичево и Чанаклија а веќе ова година во соработка со донатори најавуваме изградба на ново ушилиште во Висока Маала. Кога сме кај нашите деца, само да потсетиме дека како општина успеавме да ја ставиме во функција првата детска градинка каде околу 60 деца веќе се згрижени
Овој период бевме сведоци како жителите од населеното место Седларци се рекреираат на новото повеќенаменско игралиште во центарот на селото кое го изградивме за релативно кус период и го предадовме во употреба. Ова игралиште е само дел од програмата со која излеговме пред граѓаните а која постепено ја реализираме. После спортската сала во Василево која стана спортски храм со многу случувања, изградени се и повеќе мултифункционални игралишта“.
Во продолжение градоначалникот даде отчет и за проектите кои се во тек: „Наскоро спортски терени ќе добијат и младите односно жителите во Ангелци и Дукатино. Жителите од Василево и Градашорци оваа година би требало да добијат јавни зелени површини односно паркови. Како општина и понатаму работиме на привлекување домашни и странски инвеститори.
Урбанизиравме нови зони за подигање на капацитети. Контуинирано ги презентираме нашите потенцијали и поволностите што ги нудиме се во знакот на намалување на невработеноста.
Македонската Инџија како што го нарекуваат Василево стана препознатлива кај сите бизнисмени. Тие овде подигнаа повеќе од 70 објекти кои функционираат а околу 400 граѓани веќе работат.
Наскоро се очекува во нашата општина да гради и грчка компанија од областа на рударството и градежништвото со околу 50 работни места и тоа кај Чанаклија; да почне да се гради сместувачки капацитет кај Владевци; да се подигаат нови капацитети во зоните кај Василево, Градашорци и на патот кон Добрашиници“, завршувајќи со констатацијата дека општина Василево постојано ќе ја подобрува инфраструктурата.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail