Увид во изградбата на патот до манастирот Св. Ѓорги во с. Дукатино

1_576x768

Гардоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во текот на вчерашниот ден, изврши увид во градежните активности во населеното место Дукатино, каде пред десетина денови започна  изградбата на патот што води кон манастрирот Св. Ѓорги. Информацијата за текот и динамиката со која се спроведуваат активностите ја сподели на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24:  „Денес извршив увид на градежните активности на патот до манастирот Св.Ѓорги во Дукатино. Посебно сум горд што уште во првата половина од мојот мандат го реализирам моето ветување, дадено во програмата со која ја добив довербата од граѓаните да ја водам општина Василево. Во наредниот период истиот, ќе биде асфалтиран. Конечно после долги години очекувања на граѓаните од оваа населено место, ќе се асфалтира патот до манастирот Св.Ѓорги во Дукатино“.

Должината на овој пат изнесува 280 метри. Буџетот за негова реализација согласно Договорот со компанијата изведувач изнесува 1 926 683 денари и истите се обезбедени преку Центарот за развој на ЈИПР од Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година на Министерството за локална самоуправа, Биро за регинален развој. Финансиското учество на општина Василево изнесува околу 200 000 денари.

За периодот што следува, градоначалникот Андонов најави асфалтирање на улици и во другите населени места на општина Василево. „Во наредниот период, ќе се асфслтираат улици во сите населени места во општина Василево. Го менуваме ликот на Општина Василево“, напиша Андонов.

2_576x768 3_576x768 6_576x768

4_432x768 7_432x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail