Општина Василево ја дислоцира дивата депонија во с. Василево

1

Општина Василево деновиве активно спроведува активност на дислокација на дивата депонија во населеното место Василево, која се наоѓа во близина на големото фудбалско игралиште во Василево на површина од околу 20 декари.

Деталите на оваа  еколошко-комунална активност, со изјава за медиумите, ги образложи  градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24/videos/1569809087103795, „Уште еден голем проект се реализира за населеното место Василево. Уште едно ветување станува реалност. Тешка механизација трет ден по ред, интензивно работи на дислоцирање на дивата депонија во непосредна близина на големото фудбалско игралиште во Василево, која повеќе од една деценија го загадува централното подрачје на нашата општина. Депонијата е рак рана на Василево и околината и затоа пристапивме кон целосно решавање на овој проблем. Оваа еколошка бомба ќе биде минато“.

Ридовите од отпад, наталожени во изминатите десетина години, како што информира градоначалникот се отстрануваат и дислоцираат на старата депонија во с. Василево и депонијата Шапкар во с. Добрашинци. По целосната дислокација на депонијата,  планирано е овој простор да биде ограден како би бил целосно заштитен од евентуално фрлање на отпад и негово повторно загадување, за што градоначалникот најави и примена на санкции спрема прекршителите согласно  законската регулатива.

„Имајќи во предвид дека оваа депонија е рак рана на населеното место Василево повеќе од десет години, по завршувањето на сите активности на терен ќе пристапиме кон оградување на ова место а со тоа ќе пратиме порака до граѓаните дека општина Василево бескомпромисно ќе се бори со сите оние кои сакаат да ја загадуваат животната средина.  Од овде сакам да апелирам, граѓаните во наредниот период после дислокацијата на депонијата, повеќе да не фрлаат отпад, овде, на ова место, бидејќи општина Василево согласно сите важечки законски прописи ќе преземе соодветни мерки и казни за оние кои нема да го почитуваат ова укажување“, рече во изјавата  градоначалникот Андонов, кој притоа ја потенцираше намерата на општина Василево дека континуирано ќе работи на полето на заштитата на животната средина на територијата на целата општина.

„Се надевам дека граѓаните ќе бидат совесни и одговорни и сите заедно ќе ја заштитиме животната средина. Од овде сакам да кажам дека општина Василео и понатаму  ќе опстои на овој пат, односно ќе работи на областа на заштита на животната средина и во другите населени места“, нагласи Андонов.

IMG-20240221-WA0009_1024x578 IMG-20240221-WA0015_1024x768 IMG-20240221-WA0019_1024x768 IMG-20240221-WA0033_1024x768 IMG-20240221-WA0035_1024x768

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail