Се решава проблемот со атмосферските води на главната улица во Василево

DSCN6733

Општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“, работи на ископ и поставување цеви за одвод на амосферските води во делот од главнат улица што води кон Домот на културата во Василево.
Според градоначалникот на општина Василео, г-дин Ванчо Стојанов, со оваа активност се решава проблемот со атмосферските води во овој дел од улицата, кој станува особено изразен во периоди на интензивни врнежи какви што имаше последните месеци. Како последица на тоа направени се и сериозни оштетувања на асфалтот и слободната површина покрај него. Ископот на каналот и поставувањето на цевите преку кои атмосферската вода ќе се прибира значи моментално решавање на постоечкиот проблем и надминување на сегашната состојба.
Според информацијата од ЈПКД„Турија“ должината на каналот е околу 180 метри и истиот ќе биде поврзан со отворениот канал што се протега покрај течението на реката.
Во насока на целосно санирање на постоечката состојба и долготрајно решавање на проблемите на оваа улица, според информацијата од градоначалникот Стојанов во тек е изработка на проект за реконструкција и ревитализација на целата улица.

DSCN6739

DSCN6748

DSCN6736

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail