Дневен ред за 26-та Седница на Советот на О.Василево

DSCN5467

Во вторник, 28.04.2015 година, со почеток во 15,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 26-та Седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
1. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2014 година за периодот од 01.01.2015 до 31.03.2015 година (К-1),
2. Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2015 до 31.03.2015 година (К-2),
3. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2015 до 31.03.2015 година (К-3),
4. Предлог-одлука за проширување и измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2015 година.
5. Предлог-одлука за вршење на отпис на побарувања по основ на комунална такса на обврзници на подрачјето на општина Василево поради завршена стечајна постапка или ликвидација.
6. Донесување одлука по барањето поднесено од Македонската православна црква, Охридска Архиепископија – Струмичка православна епархија, Парохија Пиперевска.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail