Иван Франгов – нов претседател на Советот за развој на ЈИПР

DSCN6758

Иван Франгов, градоначалникот на општина Гевгилија е новиот претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, избран на денешната редовна петнаесетта седница на Советот. Франгов на ова место доаѓа по истекот на мандатот на градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов и во наредните две години ќе ја координира работата на ова тело во кое членуваат градоначалниците од десетте општини од Југоисточниот плански регион: Босилово, Василево, Ново Село, Конче, Радовиш, Струмица, Богданци, Валандово и Дојран и Гевгелија.
На седницата градоначалниците го усвоија Годишниот извештај за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2009 – 2014 за 2014 година, а по обемната дискусија донесоа и одлука за заедничко прскање против комарци на територијата на целиот регион.

DSCN6749

DSCN6750

DSCN6753DSCN6756

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail