Советниците ги усвоија кварталните извештаи

DSCN6776

На денес одржаната редовна 26-та седница на Советот на општина Василево, на дневен ред главно беа точки кои го отсликуваат финансиско работење на општината. Кварталниот извештај за извршување на Буџетот за 2014 година за периодот од 01.01.2015 до 31.03.2015 година (К-1), Кварталниот извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2015 до 31.03.2015 година (К-2), Кварталниот извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2015 до 31.03.2015 година (К-3) беа точките кои по образложението дадено од градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, без дискусии и забелешки беа усвоени со девет гласови „за“ и пет „воздржани“.
Реализацијата кај основниот Буџет е 28,74% односно од планираните 143 135 000 денари, во споменатиот период реализирани се41 134 212 денари. Реализацијата кај консолидираниот Буџет (Буџетот на општина Василево заедно со Буџетите на единките корисници, ООУ„Гоце Делчев“, Василево, ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала и ЈОУДГ „Прва радост“, Василево, реализацијата е 17,71 % или од планираните 211 909 215 денари, реализирани се 37 527 373 денари.
Во однос на останатите точки советниците беа усогласени и едногласн ги усвоија Предлог-одлука за проширување и измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2015 година, Предлог-одлуката за вршење на отпис на побарувања по основ на комунална такса на обврзници на подрачјето на општина Василево поради завршена стечајна постапка или ликвидација, Барањето поднесено од Македонската православна црква, Охридска Архиепископија – Струмичка православна епархија, Парохија Пиперевска а кое се однесуваше на бесплатно приклучување на системот за канализација на црквата во Пиперево. Едногласно беше усвоена и последната точка од дневниот ред: Предлог-одлуката за продолжување на важноста на Стручното мислење бр. 03- 817/1 од 02.04.2013 год. и Програмата бр.03-149/1 од 18.07 2013 год, а која се однесува на Мислењето за спроведување на превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација изготвено од ЈЗУ „Центар за јавно здравје“, Струмица.

DSCN6775

DSCN6761

DSCN6764

DSCN6766

DSCN6769

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail