Општина Василево асфалтираше две улици во с. Василево

naslov

Општина Василево, во текот на вчерашниот ден асфалтираше две улици во населеното место Василево и тоа  според информацијата споделена од градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24,  кој присуствуваше на асфалтирањето, станува збор за улицата кај Шенол и улицата кај Томе Николов во т.н Шекинска маала.
Едната улица е со должина од 130 метри, другата 65 метри, и со ширина на двете од по околу 3 метри.
Буџетот за овие две улици изнесува околу 900 000 денари (887 979 ден).
Улиците се од минатогодишната Програма за изградба, реконструкција и  одржување на локални патишта и улици во општина Василево и нивната изградба односно подготвителните фази како рамнење, насипување и тампонирање беа завршени во изминатиот период.
Нови улици за асфалтирање и тоа вкупно 8, во ова населено место се планирани и со годинешната Програма за изградба, реконструкција и  одржување на локални патишта и улици, која тековно ќе се реализира.

1_355x768 2_355x768 4_355x768 5_576x768 7_576x768 3_1024x473

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail