Општина Василево обезбеди средства за реконструкција на филтер станицата во Добрашинци

1-horz_1024x683

Со средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмата за управување со води за 2024 година, општина Василево ќе ја реконструира филтер станицата во с. Добрашинци, од која со вода за пиење се снабдуваат населените места  Добрашинци,Нова Маала и Чанаклија.
Преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, информацијата ја сподели градоначалникот на општина Василево Славе Андонов: „Обезбедивме средства за реконструкција на филтер станицата во Добрашинци.  Обезбедени се средства за првата фаза од реконструкцијата и надградувањето на филтер станица за прочистување на питка вода во висина од 2.000.000 денари. Постепено но сигурно работиме населените места во општина Василево да добијат чиста вода за пиење. Ветувањата кон граѓаните се реализираат“, напиша Андонов.
Согласно Барањето поднесено до Министерството за животна средина,  за реконструкцијата која ќе опфати набавка, инсталација и монтажа на опрема, потребни се финансиски средства во износ од 3 000 000 денари, од кои општина Василево, со Одлука на Советот се обврза да обезбеди  26% односно 780 000 денари како сопствено учество во реализацијата на проектот.
Причина за неопходноста од реконструкција на оваа филтер станица е застарената опрема и многу малиот капацитет поради што не ги задоволува потребите на трите населени места ниту по квалитет ниту по квантитет.
Со реконструкцијата проблемот ќе биде долгорочно решен.

1_576x768 2_576x768

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail