Во Добрашинци и Чанаклија, започнаа Велигденските турнири во мал фудбал

1_576x768

Во населеното места Добрашинци и Чанаклија започнаа Велигденските  турнири  во мал фудбал кои  традиционално се одржуваат по повод големиот христијански празник Велигден. Покровител на турнирите  е општина Василево.
На официјалниот старт на турнирот во Добрашинци присуствуваше градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов. „Турнирот во Добрашинци секогаш ќе ја има подршката од општина Василево. Им посакувам успех на сите пријавени екипи и се надевам дека целиот турнир ќе се одвива во фер и спортска атмосфера и ќе победи најдобриот“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот, кој со првиот шут на топката го означи официјалниот старт  на турнирот.
За учество во овој турнир пријавени се вкупно 13 екипи, распоредени во четири групи и тоа:
Група А: Вистони ЖП Босилово,  Васе Чомбе,  Чанаклија,  Брониер, ФК Дрвош,
Група Б: Васфил Сонце Нова Маала,  ФК Добрашинци, Такси Стево Добрашинци,
Група В: Љута Иловица, Злеово, Блатанс пром Добрашинци,
Група Г: Едрениково, Душко Петров, ЦТ-Инстал.
Натпреварите се играат на игралиштето во с. Добрашинци со почеток во 20,00 часот.
Во Чанаклија  натпреварите се играат на новото повеќенаменско игралиште. Финалните натпревари ќе се одиграат во недела на 05 мај, првиот ден на праззникот Велигден.

2_1024x768 4_1024x768 9_1024x473 10_1024x4733_434x7685_576x7686_576x7687_576x7688_576x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail