Министерот за труд и социјална политика ја посети општина Василево

2_1024x682

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, вчера беше во работна посета на општина Василево.  По средбата и разговорите во кабинетот на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, министерот остварил средби и разговори со жителите на населените места Нова Маала и Градашорци.

„На состанокот се разговараше  за моменталниот статус и идните чекори за реализација на проектот „ Реконструкцијата на објектот на старата полициска станица во населеното место Добрашинци. Ги посетивме жителите на Нова Маала и Градашорци. Разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните при остварувањето на правата од социјална заштита“ напиша на својот ФБ профил  https://www.facebook.com/vasilevo24,  градоначалникот Андонов во врска со работната посета на министерот Велковски.

На средбата со Министерот присуствуваа и директорот на ЈОУДГ „Прва Радост“, Василево Игорчо Илиев и пратеникот Дајанчо Ефтимов.


3_1024x682

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail