Во Нова Маала се асфалтираше улицата во турското маало

8_355x768

Во населеното место Нова Маала, општина Василево ја асфалтираше улицата што води покрај џамијата во т.н турско маало. Изградбата на оваа улица е планирана со годинешната Програма за изградба, реконструкција и  одржување на локални патишта и улици.

„Асфалтирана улицата во турското маало во Нова Маала. Посебно сум горд што уште во првата половина од мојот мандат го реализирам моето ветување, дадено во програмата со која ја добив довербата од граѓаните да ја водам општина Василево. Конечно после долги години очекувања на граѓаните од оваа маало се асфалтира улицата. Во наредниот период,ќе се асфалтираат улици во сите населени места во општина Василево. Го менуваме ликот на Општина Василево“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во врска со асфалтирањето на улицата во Нова Маал, каде што беше присутен.

Според податоците од техничката документација, должината на оваа улица изнесува 180 метри, ширината околу 3 метри, односно поставен е асфалт на вкупно 560 м2.
Согласно Договорот со компанијата која ги изведува градежните активности на терен, буџетот за изградба на оваа улица изнесува 881 935 денари, средства обезбедени од општинската каса.

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail