Коњски трки во Василево

105_0840

На 06.мај, верскиот празник Ѓурѓовден во организација на Панче Митев од Василево и под покровителство на општина Василево ќе се одржат традиционалните коњски трки,
Според информацијата од организаторот настанот ќе започне во 09,30 часот од пред Домот на Културата во Василево, каде сите пријавени натпреварувачи, заедно ќе се упатат кон големото фудбалско игралиште во Василево и реката односно патеката по која ќе се одвива планираната трка.
Според информации од општината, која е главен покровител, уредувањето на патеката е нивна обврска, па и оваа година навреме ќе биде подготвена за успешен старт и одвивање на трките.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail