Превентивна едукативна активност за безбедност во сообраќајот

DSCN7010

Секторот за внатрешни работи во Струмица, преку отсекот за превенција и полициската станица за безбедност во патниот сообраќај и полициската станица од општа надлежност од општина Струмица, во партнерство со локалната самоуправа Василево, денес, во детската градинка „Прва радост“ во Василево
организираа превентивна едукативна активност.
Генералната цел на оваа превентивна активност е, како што рече претставникот од организаторот г-ѓа Хризантема Рендевска, „подигање на безбедноста свест кај оваа категорија на учесници во сообраќајот се со единствена цел намалување на последиците во сообраќајот“.
Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, поздравувајќи ја денешната активност меѓу другото рече: „ Ова е плод на соработката меѓу општина Василево и СВР Струмица, отсек за превенција во сообраќајот. Целта е преку едукација како еден од најбитните фактори уште од најмала возраст да се влијае врз развојот на свеста на децата како тие би биле безбедни учесници во сообраќајот“.
Со употреба на соодветни реквизити, односно пешачки премин и семафор на децата им беше демонстрирано како и каде на најбезбеден начин да ја поминат улицата. Беше направена и практична демонстрација на правилно и безбедно поминмување на отворена, необележана улица, при што дечињата на другите случајните учесници во сообраќајот – возачите им делеа флаери со едукативна содржина, преку кои се апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи заради општата безбедност на сите учесници во сообраќајот.DSCN6984

DSCN6988

DSCN6998

DSCN6999

DSCN7013

DSCN7022

DSCN7038

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail