ООУ„Атанас Нивичански“ го одбележа својот патрон празник

DSCN7079

ООУ„Атанас Нивичански“ од Нова Маала, денес, на свечен начин, со полагање свежо цвече пред бистата на патронот и програма од учениците, го одбележа својот патрон празник. Директорката на училиштето г-ѓа Соња Ничева и градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов ги поздравија присутните гости, родители, колеги и соработници на училиштето.
„ Денес поклонувајќи се пред неговата биста му оддаваме почит за се она што како борец и војвода, го направил за народот од својот крај но и пошироко.
Сите Вие кои сте дел од ова училиште кое го носи неговото име, а посебно наставниците и учениците треба да го зачувате споменот за него а на идните поколенија да им ја пренесете вистината за неговото револуционерно дејствување“ рече во своето обраќање градоначалникот Стојанов.
Со специјално подготвена програма се претставија и учениците. Пролетта, сонцето, цвеќињата, татковината, другарството… беа темите за кои пееја и рецитираа учениците од „Атанас Нивичански“. Благодарници за успешна соработка добија соработниците на училиштето, а учениците со постигнати резултати на натпреварите добија дипломи.

DSCN7055

DSCN7056

DSCN7065

DSCN7070

DSCN7091

DSCN7099

DSCN7108

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail