Вечерва, започнува турнир во мал фудбал во Ангелци

DSCN0841

Вечерва, 15.05.2015 год. со почеток во 19,00 часот, во организација на општина Василево започнува турнир во мал фудбал во Ангелци.
За турнирот се пријавени вкупно 13 екипи, сите од населените места на општина Василево. Натпреварите ќе се играат на новото повеќенаменско игралиште.
Турнирот се организира по прв пат, но намерата е, како што изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, истиот да прерасне во традиција, бидејќи од оваа година со изградбата и пуштањето во употреба на игралиштето створени се услови за организирање на спортски натпревари.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail