Средба со граѓаните на Седларци за превенција од пожари

sedlarci,1

Жителите на населеното место Седларци, заедно со претставници од Македонски шуми, претставници од МВР – СВР Струмица, во соработка со локалната самоуправа Василево одржаа работна средба за превенција од пожари. Средбата беше организирана во рамките на Советодавните групи на граѓани, чија цел е, на локално ниво при идентификување и надминување на одреден проблем или состојба, примарната улога да ја имаат граѓаните од самото населено место.
На средбата конкретно е разговарано за превенцијата од пожари, но и координирањето на граѓаните, нивната улога во евентуална ситуација на пожар, и справувањето со истите.
Вакви средби, во рамки на Советодавните групи на граѓани планирани се и за останатите населени места на општина Василево.

sedlarci,1

Sedlarci

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail