Општина Василево потпиша договор со Министерствто за животна средина и просторно планирање

photo-1

Општина Василево обезбеди средства за изработка на техничка документација за систем за водоснабдување на населеното место Пиперево. Градоначалникот на опшштина Василево г-дин Ванчо Стојанов и Министерот за животна средина и просторно планирање на на Р.Македонија г-дин Нурхан Изаири, вчера во просториите на Министерството потпишаа договор со кој општината обезбедува средства во висина од 700 000 денари за изготвување на техничка документација.
Средтставата се обезбедебни од Програмата за инвестирање во животната средина и Конкурсот за распределба на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа животна средина за 2015 година.

photo-1

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојнов, со техничката документација всушност и практично ќе започнат активностите за надминување на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето што го имаат жителите на с. Пипперево, односно техничката документација ќе овозможи активно барање средства за изградба на нов систем за водоснабдување.
Во моментот Пиперево со вода за пиење се снабдува од сопствен водоснабдителен систем изграден пред повеќе десетици години, кој поради дотраеност честопати има големи дефекти, па жителите неретко остануваат без вода за пиење.
Изградбата на нов водоснабдителен систем ќе значи подобрување на состојбата во една од битните сфери на човековото секојдневие.

photo

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail