Дневен ред за 27-ма Седница

DSCN5467

Во четврток, на 28.05.2015 година, со почеток во 17,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната дваесет и седма седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневенн ред:
1. Донесување на Заклучок за усвојување на стручно мислење за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и сузбивање на вектор преносливите заболувања на територијата на општина Василево.
2. Донесување на Заклучок за усвојување на програмата за изведување на тридневна екскурзија на учениците од IX одделение при ООУ „Гоце Делчев“, Василево.
3. Предлог-одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства за реализација на проектот „Воведување на кружна крстосница помеѓу улица 3 и улица 5 во индустриска зона с. Градошорци, општина Василево“.
4. Предлог-одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства за реализација на проектот „Улица во с. Ангелци за пристап до црква“.
5. Предлог-одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства за реализација на проектот „Дел од фекална канализација за за село Владевци- општина Василево (дел од крак 1).
6. Предлог-одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства за реализација на проектот „Мост на Сушевски порој“.
7. Предлог-одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства за реализација на проектот „Регулација на Сушевски порој во с. Сушево“.
8. Предлог-одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства за реализација на проектот „Улица покрај порој во с. Сушево“.
9. Предлог-одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства за реализација на проектот „Изградба на улица во с. Добрашинци“.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во с. Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail