Во недела планинарски марш „По патеките на Мис Стон“

DSCN3449

Во недела, 31.05 2015 година, во организација на Планинарското друштво „Маратон“ од Струмица и под покровителство на општина Василево ќе се одржи традиционалниот планинарски марш „По патеките на Мис Стон“. Патеката на движење е од брана Турија до селото Нивичино, во должина од 10,5 км.
Превозот од Струмица до браната Турија е организиран со минибуси, а поаѓањето е од пред трговскиот центар Глобал во 7,30 часот.
Учесниците во маршот кои ќе одлучат до браната Турија да патуваат со сопствен превоз, таму треба да бидат најдоцна до 7,45 часот од каде сите заедно ќе се упатат до с. Нивичино.
Секој учесник во маршот треба со себе да си понесе вода за пиење и прибор за јадење, а во Нивичино, во дворот на црквата Св.Илија за сите учесници има отрганизирано заеднички ручек.
Заинтересираните за учество во маршот „По патеките на Мис Стон“ треба да се пријават кај организаторот на телефонскиот број 071 253 203.

DSCN3448

DSCN3444

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail