Советниците едногласни за инфраструктурниот развој на општината

DSCN7237

Советот на општина Василево, вчера, ја одржа редовната 27-ма седница, на чиј дневен главно беа предлози кои се однесуваа на инфраструктурниот развој на општината. Советниците , по сите точки од дневниот ред имаа усогласени ставови, па така едногласно ги усвоија сите предлози. На седницата беа донесени два заклучоци и тоа: Заклучок за усвојување на стручно мислење за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и сузбивање на вектор преносливите заболувања на територијата на општина Василево и Заклучок за усвојување на програмата за изведување на тридневна екскурзија на учениците од IX одделение при ООУ „Гоце Делчев“, Василево. Останатите предлози беа одлуки со кои Советот ја дава својата согласност за аплицирање на општина Василево во Агенцијата за финансиска поддршка на здемјоделието и руралниот развој во Програмите за рурален развој. Конкретно беше дадена согласности приоритет на следниве проекти:„Воведување на кружна крстосница помеѓу улица 3 и улица 5 во индустриска зона с. Градошорци, општина Василево“, „Улица во с. Ангелци за пристап до црква“, „Дел од фекална канализација за за село Владевци- општина Василево (дел од крак 1), „Мост на Сушевски порој“, „Регулација на Сушевски порој во с. Сушево“, „Улица покрај порој во с. Сушево“ и „Изградба на улица во с. Добрашинци“.

DSCN7225

DSCN7232

DSCN7234

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail