Се крпат дупките на регионалниот пат М-6 Вељуса

DSCN7405

Денес, Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонијапат“ во соработка со општина Василево и ЈПКД „Турија“ , Василево, врши крпење на дупките на регионалниот пат М-6 – Вељуса, во делот на територијата на општина Василево.
Конкретно санирани се дупките меѓу населените места Ангелци и Градошорци, кои после обилните пролетни врнежи и зголемената фреквенција на овој регионален пат го отежнуваат нормалното одвивање на сообраќајот. За целосно санирање на оваа делница чиј должина изнесува околу 3 км, ќе бидат потрошени околу осум тони асфалт.
Пополнувањето на дупките ќе придонесе за подобрување на состојбата во овој дел од регионалниот пат кој освен жителите на Ангелци, Градошорци и останатите соседни населени места го користат и голем број превозници за побрз пристап до соседната Струмица.

DSCN7417

DSCN7414

DSCN7406DSCN7407

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail