Успешно реализирана крводарителска акција

gradonacalnik

Денес, во Василево, во организација на Заводот за трансфузициона медицина, Организацијата на Црвениот крст и општина Василево, успешно беше реализирана акција на доброволно дарување на крв. Бројката од 30-тина собрани крвни единици само ја потврдува повеќегодишната успешна пракса во реализацијата на ваквите хумани активности и подготвеноста на жителите на Василево да ја покажат хуманоста на дело.
Според координаторот на денешната активност, г-ѓа Иванка Трајкова од општинската администарција на Василево, иако мажите се сметаат за посилен пол, жените се похрабри, бидејчи во пракса тие се побројни крводарители, барем во општина Василево.
Крв даруваше и првиот човек на општина Василево, градоначалникот г-дин Ванчо Стојанов, кој во изјавата дадена за локаните медиуми ја потенцираше традиционално успешната соработка меѓу сите субјекти вклучени во ваквите хуманитарни активности, и подготвеноста на општината и во иднина да дава целосна поддршка на оваа исклучително хумана активност.

DSCN7465

DSCN7460

DSCN7471

DSCN7473

DSCN7492

gradonacalnik1

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail