Општина Василево продава државно градежно земјиште

SAM_8455

Општина Василево, преку Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија, објави продажба на државно градежно неизградено земјиште на кое е планирана изградба на стопански комплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи. Парцелата е со површина од 16 603 м2 и се наоѓа во м.в Гладно поле, КО Градошорци, односно на патот што води кон с. Добрашинци, наспроти поранешен мотел Карбино.
Продажбата ќе се врши по пат на електронско јавно наддавање. Депозитот за учество на електронското јавно наддавање изнесува 110 000 денари. Почетната цена изнесува 61 денар за метар квадратен. Пријавите за учество во наддавањето се доставуваат најдоцна до 21.07.2015 година на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk. Јавното наддавање ќе се одржи електронски, на интернет адресата: www.gradezno-zemjiste.mk, на 28.07.2015 година со почеток во 10,00 часот и ќе трае 15,00 минути. Целосната објава за продажба на оваа градежна парцела, заинтересираните граѓани можат да ја најдат на интернет страната на Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија, на следниот линк:

http://mtc.gov.mk/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B8/ArticleID/2229

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail