СООПШТЕНИЕ за продажба на државно градежно земјиште

SAM_8455

Општина Василево, им соопштува на правните и физички лица, заинтересирани за купување на градежна парцела во КО Градошорци, м.в Гладно поле, дека рокот за доставување на Пријавите за учество во јавното наддавање за градежната парцела со КП 386, во КО Градошорци, м.в Гладно поле, е до 21.07.2015 година на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk. Парцелата е со површина од 16 603 м2 и се наоѓа на патот што води кон с. Добрашинци, наспроти поранешен мотел Карбино. Депозитот за учество на електронското јавно наддавање изнесува 110 000 денари. Почетната цена е 61,00 ден. за м2, а наддавањето се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој „чекор“ не помалку од 10,00 денари.
Градежната парцелата е со намена за изградба на стопански комплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи.
Јавното наддавање ќе се одржи електронски, на интернет адресата: www.gradezno-zemjiste.mk, на 28.07.2015 година со почеток во 10,00 часот и ќе трае 15,00 минути.
Целосната објава за продажба на оваа градежна парцела, заинтересираните граѓани можат да ја најдат на интернет страната на Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија, на следниот линк:

http://mtc.gov.mk/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B8/ArticleID/2229

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail