Меморијален турнир Ч`крче во Пиперево

Turnir

Вкупно 19 екипи од Пиперево и околните населени места, учествуваат на годинешниот Меморијален турнир во мал фудбал „Ч`крче“, што од 12.07 до 19.07 2015 година,  во спомен на младиот Славе Стојанов од Пиперево го организираат неговото семејство и најблиските пријатели.
13 екипи во сениорска и 6 во јуниорска конкуренција ќе се натпреваруваат на овој единаесетти по ред меморијален турнир чиј покровител е општина Василево.
Натпреварите се играат на игралиштето во центарот на с. Пиперево со почеток во 20,00 часот.
Финалните натпревари ќе се играат во недела, 19.07.2015 година. Организаторот за најдобрите екипи и поединци има обезбедено парични награди и медаљи.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail