Заврши Меморијалниот турнир Ч`крче во Пиперево

IMG_0252

Вчера, во Пиперево заврши единаесетиот Меморијален турнир во мал фудбал „Ч`крче“, што во спомен на младиот Славе Стојанов од Пиперево го организираат неговото семејство и другарите, .
Од вкупно 13-те екипи во сениорска конкуренција најдобри беа „Цоби ламинат“ од Василево кои освен паричната награда за освоено прво место се закитија и со медаљи. Второ пласирани беа „Кванти ДООЕЛ“ од Пиперево, а за третото место се изборија „Ацо Ископ – Апетито“ од Пиперево. Наградени беа и најдобрите поединци и тоа Кире Јованов за најдобар стрелец, Иле Петров за најдобар играч и Ерол Амедов за најдобар голман.
Кај кадетите првото место им припадна на „Тилос Галактикос“ од Добрејци, второт на Академија Пандев, а третото на Тахи Дрвош, додека за најдобар стрелец беше прогласен Карпузовски Ване.
Покровител на овој турнир е општина Василево.

IMG_0231

IMG_0235

IMG_0252

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail