Советот ги усвои кварталните извештаи за работата на Општина Василево

DSCN7610

Членовите на Советот на општина Василево, на денешната редовна 29–та Седница со 9 гласови „за“ и 2 „воздржани“, ги усвоија Кварталните извештаи за: извршувањето на Буџетот на општина Василево (К-1), за доспеани а неизмирени обврски (К-2) и за промените на состојбата на задолжување на општина Василево (К-3), сите за периодот од 01.01.2015 до 30.06.2015 година.
Според образложението дадено од градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, извршувањето на Буџетот на општина Василево во првите шест месеци од годината е на задоволително ниво. Од планираните 215 330 135 денари во Буџетот на Општина Василево (вклучително со Буџетите на единките корисници – двете основни општински училишта, „Гоце Делчев“ –Василево и „Атанас Нивичански“ – Нова Маала и детската градинка „Прва радост“), реализирани се 88 909 404 денари или 41,29%. Кај основниот Буџет на општината, реализацијата е 35,05% или од планираните 143 135 000 денари, реализирани се 50 165 297 денари.
Кај блок дотациите реализацијата е 46,69%, кај самофинансирачките активности 12,19% и кај донациите 99,96%.
Останатите предлози од дневниот ред, односно Предлог-одлуката за давање на трајно користење на движни ствари на општина Василево добиени врз основа на Договор за давање на трајно користење на движни ствари склучен помеѓу Министерството за финансии и општина Василево, Предлог-одлуката за проширување и измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Василево за 2015 година и Предлог – одлуката за утврдување на надворешен член во Комисијата за давање на мислење на нацрт планови на општина Василево и утврдување на надомест за истиот, беа усвоени со гласовите на сите присутни советници.
Според образложението дадено од градоначалникот Стојанов, формирањето на Комисија за давање на мислење на нацрт планови е законска обврска на сите општини и во својот состав треба да има двајца внатрешни и еден надворешен член. За надворешен член предложен е Иван Делев, дипломиран инжинер архитект од Струмица. Предлогот е едногласно усвоен.DSCN7620

DSCN7608

DSCN7624DSCN7610

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail