11872707_10153545980534581_939440475_n

Почитувани сограѓани

Пред извесен период ја ветивме нашата програма која требаше да ја реализираме за четри годишен период.

Пристапувајќи со голема транспарентност, отчетност и реализација на сите проекти кои всушност беа ваши предлози, и наша заложба тие да бидат реализирани – веќе се на повидок. Нашата заложба за решавање на сите проблеми, реализација на сите тие проекти а во функција на подобрување на квалитетот на живеење во руралните средини Општина Василево во соработка со Владата на Република Македонија успеа да реализира голем број на проекти . Во текот на вчерашниот ден во просториите на агенцијата за финансиска подршка беа потпишани договори за реализација на уште проекти на територијата на општина Василево а сите тие во функција на подобрување на квалитетот на живеење. Беа потпишани договорите за имплементација на следните проекти:

  • Регулација на Сушевски порој во с. Сушево и дел од фекална канализација за населено место Владевци во вредност од 21 302 000 денари проект кој треба да реши еден горчлив проблем за населеното место Сушево
  • Изградба на улица во с. Добрашинци, изградба на улица во с. Ангелци и изградба на улица за пристап до индустриска зона во с. Градашорци, сите тие во вредност од 19 000 000 денари
  • Изградба на улица покрај порој во с. Сушево во должина од 1200 метри во вредност од 17 000 000 денари

Ако на тоа додадеме и проектите кои се аплицирани преку југоисточниот плански регион а се прифатени за реализација:

Изработка на урбанистички планови – за населените места Владевци, Ангелци и Г радашорци и проектот за реконструкција на културниот дом во Нова Маала во вредност од околу 11 000 000 денари.  Вкупната вредност на проектите кои треба да бидат реализирани во Општина Василево е 68 000 000 денари.

Од областа на образованието веќе сме во фаза на распишување на јавни набавки на комплетна реконструкција на подрачното училиште во Радичево и поставување на систем за парно греење. Систем за парно греење ќе биде поставено и во подрачните училишта во Сушево, Добрашинци и Чанаклија со што сите училишта ќе бидат обезбедени со системи за топловодно греење.

Од ова можеме да заклучиме дека до крајот на ова градежна сезона ќе имаме вистински инвестициски бум и реализација на проекти кои ќе значат подобар живот на граѓаните на територијата на општина Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail