Оглас за ко-модератор за Буџетски форум

forumi-na-zaednici

Целта на програмата „Форуми во заедницата” е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk).
Општина Василево ќе спроведува буџетски форум со цел партиципативно и транспарентно изготвување на буџетот на општината за 2016 година заедно со граѓаните.
За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, 10 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.
Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 5-7 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.
Задачи, одговорности и очекувани резултати:
 Ко-модерирање на форумските сесии односно помош на модераторот при водењето на форумските сесиите;
 Раководење и координирање со Оперативната група;
 Регрутација на учесници на форумот;
 Организирање форумски сесии и нивна техничка подготовка (сала, постери, опрема);
 Организирање состаноци помеѓу форумските сесии;
 Поддршка во координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
 Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.) и нивно доставување до општинскиот координатор;
 Подготовка на месечни извештаи;
 Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ и SDC.
Квалификации и искуство:
 универзитетско образование
 активно користење на компјутер (Word, Excel, Power Point)
 познавање на процесот на децентрализација
 искуство во работа со невладини организации
 да е жител на општината
 искуство во јавни настапи, фасилитација, координација и известување
 наклонетост кон тимска работа
 одлични комуникациски и презентациски вештини

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 26.08.2015 година, на следната адреса:
Општина Василево, с. Василево, бб
или на електронска пошта: opstina_vasilevo@yahoo.co.uk

Oglas za ko-moderator za Budzetski forum

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail