Тениското игралиште во Ангелци- комплетно завршено

DSCN7850

Дуплото-тениско игралиште во с. Ангелци што општина Василево го градеше со средства обезбедени од Агенцијата за млади и спорт е комплетно завршено и подготвено за официјално пуштање во употреба.
„Ова ќе биде првото тениско игралиште на територијата на општина Василево, на кое тениските вештини ќе може да ги совладуваат не само децата од Ангелци и соседното Градошорци, туку и од останатите населени места кои ќе пројават интерес за овој кај нас сеуште редок спорт“ е ставот на градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кој како што вели, со изградбата на спортски терени и игралишта во речиси сите населени места, на дело ја покажува својата заложба за приближување на спортот до сите граѓани на општина Василево.
Набргу на овој простор, освен тениското и повеќенаменското игралиште кое од неодамна е во функција, овде ќе биде изграден и детски забавен парк, за кој во моментот во тек е изготвување на техничка документација.
„Со изградбата на детскиот забавен парк, за кој општината ги врши техничките подготовки, овој простор, ќе биде вистинско катче за одмор, рекреација и дружење на сите генерации наши сограѓани. Воедно жителите на двете соседни населени места Ангелци и Градошорци ќе добијат вистинско урбано, спортско -рекреативно катче, е ставот на градоначалникот Стојанов во врска со изградбата на игралиштата и уредувањето на овој простор кој се наоѓа на влезот во Ангелци односно меѓу Ангелци и Градошорци.

DSCN7838

DSCN7839

DSCN7845

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail