Василево ја има една од најуспешните индустриски зони во државата

DSCN8042

Премиерот на Р.Македонија, г-дин Никола Груевски во рамки на посетата на општина Василево ја посети и индустриската зона во Василео, за која како што рече е „една од најуспешните во Р.Македонија“ и ја посочи како пример како треба да функционираат индустриските зони и да привлекуваат инвеститори кои ќе отворат нови работни места.
Во индустриската зона во општина Василево, продадени се 77 парцели на кои се изградени објекти кои веќе функционираат. На уште десет парцели, со обезбедена целокупна градежна документација, набргу ќе започне изградбата на капацитетите.
Премиерот Груевски ја посети компанијата „Евромак“ која се занимава со откуп, пакување и дистрибуција на земјоделски производи, една од компаниите чија дејност е во функција на она што е главно занимање на граѓаните од овој крај-земјоделието и воедно обезбедува работни места за десетици граѓани од Василево и околните населени места.
Како што информираше градоначалникот на општина Василево, бројот на вработени во индустриските капацитети на оваа индустриска зона е околу 400, бројка која во зависност од сезоната може да варира, бидејќи работата на дел од капацитетите, како што е и Евромак во одредени периоди од годината има зголемен потреба од работна рака. Општина Василево, според Стојанов и понатаму останува на курсот на вложување во индустриските зони, во нивната инфраструктура и осовременување со што директно придонесува за индустрискиот развој на општината и за подобрување на економската состојба на сограѓаните.

DSCN8034

DSCN8036

DSCN8061

8093

DSCN8067

DSCN8074

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail