Василево го доби првото тениско игралиште

DSCN7838

Со сечење лента, свечено беше пуштено во употреба првото тениско игралиште во Општина Василево, поточно во населеното место Ангелци. Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, заедно со премиерот на Р.Македонија, г-динот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии г-дин Зоран Ставревски и директорот на Агенцијата за млади и спорт г-дин Марјан Спасески, пресекувајќи ја црвената лента отворија нова страница во спортот и спортскиот живот на општина Василево и нејзините граѓани и им овозможија практикување на спорт за кој досега воопшто не постоеја никакви услови во општина Василево. Новото дупло тениско игралиште е изградено со средства обезбедени преку Агенцијата за млади и спорт на Р.Македонија, во рамки на Владиниот проект за изградба на 120 тениски игралишта, со што и во рурална општина како што е Василево створени се услови за играње и тренирање на тенис.
Дуплото тениско игралиште е веднаш до неодамна изграденото повеќенаменско и заедно со него и планираниот детски забавен парк, за кој како што информираше градоначалникот на општна Василево, г-дин Ванчо Стојанов општина Василево веќе има изготвено техничка документација, ќе биде заокружен спортско забавен рекреативен центар во кој сите генерации граѓани од Ангелци и соседното Градошорци, ќе можат да поминат дел од своето слободно време спортувајќи или едноставно споделувајќи убави моменти во разговор и дружење со пријателите.

DSCN8103

DSCN8105

DSCN8111

DSCN8113

DSCN7838

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail