Ќе се гради пристапна патека и паркинг за градинката

DSCN8314

Патеката која води до градинката „Прва радост“ во Василево и паркингот во нејзин состав набргу ќе бидат изградени со бекатон плочки. Деновиве е завршена постапката за јавна набавка, така што набргу ќе следува потпишување на договор со најдобриот понудувач и започнување на работите на терен. Според г-дин Ванчо Стојанов градоначалникот на општина Василево која се јавува како инвеститорот на оваа активност, со изградбата на пристапната патека и паркингот од една страна ќе им се овозможи подобар пристап на родителите чии деца се згрижени во оваа градинка, како и на сите останати корисници, а од друга страна комплетно се завршува партерното уредување на просторот во и пред детската градинка.
Вкупната површина на која ќе биде поставен бекатонот односно пристапната патека, паркингот и една патека во дворот на градинката изнесува 910 м2 , а планирано е работите да завршат за отприлика еден месец.

DSCN8305

DSCN8306

DSCN8309

DSCN8312

DSCN8317

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail