Претставник од Амбасадата на САД во посета на О.Василево

DSCN8320

Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, денес оствари средба со г-ѓа Вероника Скарборо, заменик шеф на политичкиот и економскиот сектор во Амбасадата на САД во Р.Македонија.
По средбата во кабинетот американската претствничка ја посети индустриската зона во Василево, на лице место запознавајќи се со нејзините карактеристики и погодностите кои со својата местоположба и уреденост им ги нуди на стопанствениците и идните заинтересирани инвеститори.
„Благодарение на атрактивноста на индустриската зона во општина Василево која одамна ги надмина локалните и регионалните рамки, претставниците од Американската амбасада пројавија интерес за посета на нашата индустриска зона“, изјави градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов во врска со денешната посета на американските претставници. Тема на разговор како што информираше Стојанов, бил конкретниот развој на оваа индустриска зона, постигнатите резултати, како и стратегијата што општина Василево ја има во однос на нејзиниот иден развој.
На прашањето од медиумите дали како резултат на оваа средба општина Василево може да се очекува помош при некоја инвестиција, градоначалникот Стојанов рече дека американските претставници имале контакти со лица заинтересирани за инвестирање во делот на винариите, област за која како што рече Стојанов,општината има намера да ја развива имено планира да донесе урбанистички план за изградба на винарии, за кои смета дека има потреба не само општина Василево туку и целиот регион.
Став на градоначалникот Стојанов е дека од промоцијата на индустриската зона, особено пред вакви високи претставници, општината, на долг рок може да очекува само позитивни резултати, нешто кое впрочем во континуитет, преку постојаната изградба на објектите и заинтересираноста на потенцијалните инвеститори и досега се покажува во пракса.

DSCN8319

DSCN8325

DSCN8335

DSCN8341

DSCN8356

DSCN8357

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail