Во Василево се одржа испит за авто такси возачи

DSCN8370

Вчера, во просториите на ООУ„Гоце Делчев“ во Василево, за возачите на авто такси беше одржано полагање за добивање на лиценца неопходна за вршење на оваа дејност. Според изјавата на градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, на територијата на општина Василево има регистрирано четири правни субјекти и четири трговци поединци кои вршат превоз на патници и според Законот за превоз на патници за да ја вршат дејноста треба да поседуваат сертификат.
Од вкупно 21 возач кои имаат обврска да полагаат испит и да се стекнат со лиценца, вчера полагале 11 кандидати и сите успешно го положиле испитот, по што од страна на Комисијата ќе добијат уверенија и сертифакати за авто такси возачи.
Комисијата пред која се полагаше испитот е составена од пет членови и тоа тројца претставници од општината и двајца претставници од превозниците.
Вчерашното полагање на испитот беше по претходно завршена обука односно стручно оспособување кое за автотаксистите од општина Василево го спроведе правното лице Дарко ТТ.

DSCN8366

DSCN8366

DSCN8368

DSCN8369

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail