Општина Василево потпиша договор за изградба на три нови улици

DSCN8620

Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, денес потпиша договор за асфалтирање на платото пред училиштето во Нова Маала и вкупно три улици од кои две во населеното место Градошорци и една во Нова Маала.
Улицата што ќе се асфалтира во Нова маала е кај црквта и е со должина од 240 метри додека двете улици во Градошорци се во т.н Турско маало и се долги 95 и 130 метри.
Изведувач на работите е градежната компанија „Жикол“ од Струмица, а рокот на изведба за сите четири објекти е 60 дена или како што изјави г-дин Живко Пандев, управител на компанијата „Жикол“, при потпишувањето на договорот, доколку временските услови дозволат, постои можност работите да бидат завршени и порано.
Вкупниот буџет за сите овие проекти е околу 2 700 000 денари, средства обезбедени од општинскиот Буџет.
Асфалтирањето на трите улици и платото пред ООУ „Атанас Нивичански“ во Нова Маала, е само потврда на нашата заложба дека во континуитет работиме на подобрување на условите на сите категории граѓани, независно од нивната возраст, пол, партиска или верска припадност, изјави градоначалникот Стојанов при потпишувањето на денешниот Договор.

DSCN8619

DSCN8622

DSCN8623

DSCN8627

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail