Стартуваше Курбан – Бајрамскиот турнир во мал фудбал

старт

Синоќа,  во населеното место Ангелци, во организација на невладината Али Беј од Градошорци и под покровителство на општина Василево започна Курбан – Бајрамскиот турнир во мал фудбал.
Присутните ги поздрави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов кој на учесниците им посака добро дружење, фер и коректно натпреварување и како што рече да победи најдобриот. Сите учесници од градоначалникот добија подарок – дресови.
Учество имаат пријавено десет екипи од повеќе населени на општина Василево и соседните општини во кои живее турско население. Карактеристика на овој турнир е што учесниците се исклучиво од Турска националност.
Турнирот има натпреварувачки карактер и за најдобрите екипи и поединци обезбедени се награди.
Финалето ќе се одржи во среда (23.09.2015 год.), ден спроти големиот Муслимански празник Курбан Бајрам.

градоначалник, отварање

градоначалник

организатори

поцеток

прв ден

маици

екипа

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail