Градоначалникот Стојанов во Градошорци им го честиташе Курбан Бајрам на сограѓаните Муслимани

IMG_0639

Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, во џамијата во Градошорци, веднаш по утринската молитва сабах-намаз со која верниците од муслиманската веросиповед го започнаа тридневното одбележување на Курбан Бајрам прв им го честиташе празникот.
Во духот на овој најголем Муслимански празник присутните беа послужени со прехранбени производи донирани од општина Василево и здружението Али беј од Градошорци.
,,Курбанот што се коле се посветува само на Алах, но им припаѓа на сиромашните и на оние кои го слават. Месото се дели на три дела, едниот се дава на сиромашните, вториот се приготвува за гоштевање на роднините, соседите и пријателите, а третиот дел верниците може да го остават на своето семејство“, рече Билент Исинов член на Советот на општина Василево, во врска со значењето на овој празник.
Заедно со градоначалникот Стојанов беше и претседателот на Советот на општина Василево г-дин Дајанчо Ефтимов, кој исто така им го честиташе празникот на верниците.
Со празникот Курбан Бајрам се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој според верниците е доказ за солидарност и благосостојба.

IMG_0641

IMG_0662

IMG_0671

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail