Честитка по повод Курбан Бајрам

DSCN8666

Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, по повод празникот Курбан Бајран, на своите сограѓани од Муслиманска вероисповед им ја упати следнава честитка:

Почитувани сограѓани припадници на Муслиманската вероисповед

Во овие денови кога го празнувате Курбан Бајрам, најзначајниот Муслимански празник, празникот кога родителите ги даруваат децата а домаќинќите ги полнат трпезите, празникот кога Вашите порти се ширум отворени за сите луѓе, Ви посакувам божјата милост да ги исполни Вашите срца и души и во овие празнични денови домовите Ваши да бидат храмови на милоста, добрината, солидарноста и соживотот.

Духовната радост и мир, семејното заедништво, роднинското дружење и соседското разбирање нека бидат вредностите кои не само во овие празнични денови туку и во иднина ќе бидат силата која ќе не носи напред и ќе биде основа за сите наши заеднички успеси.

Почитувани сограѓани, Муслимани!
Од мое лично име и од име на локалната самоуправа Василево, Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам со желби за добро здравје, мир и благосостојба во Вашите и домовите на Вашите најблиски.

Со почит,
Опшштина Василево
Градоначалник
Ванчо Стојанов

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail