Буџетски форум во општина Василево

DSCN8753

Општина Василево во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) при Амбасадата на Швајцарија во Р.Македонија и Единицата за координација на форумите (ЕКФ), ќе спроведе Буџетски форум.
Првата од вкупно шесте сесии, ќе се одржи во четврток, 01.10.2015 година, со почеток во 18,00 часот, во големата сала на хотелот Мис Стон во Василево.
Форумот е модел за вклучување на граѓаните во донесување одлуки на локално ниво. Граѓаните дискутираат за теми кои се важни за нивното секојдневие и на тој начин активно се вклучуваат со давање на свои идеи и предлози. Форумот ја одразува заедницата затоа на него се очекува да учествуваат претставници од различни општествени, старосни, етнички, родови, професионални, религиозни и други групи.
Во Буџетскиот форум тема на расправа е Буџетот на ЕЛС за наредната година. Преку овој форум општината покажува високо ниво на транспарентност и отчетност пред граѓаните, бидејќи на сесиите ставка по ставка се разгледува буџетот на општината со конкретни бројки и активности. Ова е одлична можност општината да го изготви буџетот согласно потребите на граѓаните а од друга страна граѓаните имаат можност најдиректно да учествуваат во планирањето на ограничените општински средства и да се соочат со реалните проблеми и неможноста да се реализираат сите приоритети.

DSCN8767

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail