Одбележана детската недела во училиштата во Василево

DSC_0215

Двете основни општински училишта во Василево, ООУ„Гоце Делчев“ Василево и ООУ „Атанас Нивичански“ Нова Маала, на свечен начин, со специјално подготвена програма, им го честитааа приемот на првачињата во Светската детска организација. А тие, сложно, во еден глас, го изрецитираа ветувањето
„Во овој момент
ветувам на сиот глас
дека моите наставници
ќе ги почитувам јас.
Секоја задача ќе се обидам
со леснотија да ја решам
но Ве молам простете
ако некогаш згрешам.
во овојмомент
давам чесен татковински збор
ќе се дружам со другарчињата
во училишниот двор“
Со овие стихови, најмалите ученици и официјално станаа членови на најголамата детска организација.
Директорките на двете основни општински училишта „Гоце Делчев“, Василево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала – Емилија Котева и Соња Ничева, честитајќи им го приемот во детската организација на своите ученици им посакаа здравје, среќа, убави училишни денови, многу знаење и успеси со кои сите ќе се гордеат.
Приемот во детската организација на првачињата им го честиташе и градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов:
„Онака како што Вие ни ветевте дека ќе бидете умни и вредни, дека ќе ги почитувате наставниците, ќе учите и ќе другарувате и јас Ви ветувам дека секогаш ќе бидеме тука за Вас, ќе Ви помагаме успешно да ги реализирате Вашите идеи и планови и ќе Ви дадеме поддршка секогаш кога ќе Ви биде потребна“ е ветувањето кое им го даде градоначалникот Стојанов, којза првачињата имаше и подарок школски прибор.

DSC_0084

DSC_0085

DSC_0109

DSC_0112

DSC_0137

DSC_0140

DSC_0149

DSC_0098

DSC_0171

DSC_0178

DSC_0183

DSC_0191

DSC_0193

DSC_0211

DSC_0214

DSC_0218

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail