Општина Василево доби награда за најдобар прекуграничен проект

14

Изградбата на детската градинка во Василево е прогласен за најдобар реализиран проект од Програмата за прекугранична соработка меѓу Р.Македонија и Р.Бугарија за периодот 2007 – 2013. Наградата доаѓа од ЕУ преку бугарското министерство за регионален развој оценувајки ги ефектите од реализираните проекти за овој период во Југоисточна Европа. На доделувањето на наградите првиот човек на општина Василево,г-дин Ванчо Стојанов истакна дека оваа награда ги зацврстува односите со општина Струмјани од бугарска страна со кои го реализираа проектот.
,,Наградата претставува дополнителен мотив за нас да ја зацврстиме соработката со општина Струмјани која не беше парнтер во проектот. Градинката што ја изградивме преку овој проект работи со полн капацитет. Сместени се деца од предучилишна возраст и веќе жителтие од нашата општина ги чуствуваат бенефитите од оваа инвестиција. Наградата ни значи за изработка на поквалтиетни проекти и во иднина со нашите пријатели од Струмјани“ рече градоначалникот Стојанов.
Преставникот на општина Струмјани Иван Секулов истакна дека двете оптшини подготвуваат проекти и за следната програма.
,, Кога видовме дека детската градинка е полна со дечиња е нешто неверојатно . Имаме одлична соработка со општина Василево и градоначалникот Стојанов знае што е потребно за општината. Во иднина размислуваме за заеднички проект од областа на инфраструктурата“, рече Секулов
Бенефититите од програмата за прекугранична соработка се огромни тврди Мјелма Мехмети Петерсен – националниот координатор на програмата за Македонија, која упати апел до заинтересираните да аплицираат и за следната програма
Новата програма тешка е 20 милиони евра а првиот повик во висина од 7,2 милиони евра е веке објавен. До јануари идната година заинтересираните страни од македонска страна со партнери од Бугарија може да аплицираат за овие средства.
Колку за потсетување буџетот за изградба на детската градинка во Василево која го носи името „Прва радост“ изнесува околу 250 000 евра. Отприлика исто толку средства вложени се и во партнерската општина Струмјани од Р.Бугарија, каде во рамки на истиот партнерски проект „Рака за рака – малите Бугарчиња и Македончиња“, во три веќе постоечки детски градинки, поставен е систем за парно греење кој за загревање користи еколошко гориво.
Општините Василево и Струмјани веќе се подготвуваат за следната Програма.

7

1 (1)

3

9

10

11

15

16

18

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail